Иако досегашните истражувања во главно покажуваа дека мажите природно се понадарени за спорт и физички активности, експерти од Универзитет во Канада, открија дека женскиот организам е способен побргу да ослободува кислород од крвта, што значи дека жените во физичките активности можат да бидат поуспешни од мажите.

Тим на експерти ја мереле брзината на ослободување на кислород од крвта кај мажи и жени во слична возраст и тежина.

Сите испитаници извеле три вежби со умерен интензитетот, а за тоа време експертите го мереле внесувањето на кислород.

Според резултатите, жените согорувале кислород 30 отсто побргу во однос на мажите.

Тоа значи дека жените подобро ги изведувале вежбите и дека во нивниот случај постоела помала веројатност дека после вежбањето ќе чувствуваат исцрпеност во мускулите.

„Овие резултати се спротивни на досегашните тврдења дека мажите по природа се во подобра форма и дека се подобар „спортски тип“. Сепак, не знаеме зошто женските тела побргу согоруваат кислород, но ова истражување би можело да го промени пристапот на тренинзите“, вели лидерот на ова истражување.

Истражувањето е објавено во магазинот Applied Physiology, Nutrition and Metabolism, а ќе се користи за понатамошни истражувања и пристапи во развој на тренинг и процеси на вежбање.