• 39
    Shares

Во близина на реката Серава е пронајдено возилото со кое утринава беше извршен грабежот во филијалата на Тутунска банка во Чаир, дознава „Фокус“ од неофицијални извори.

Според непотврдени информации возилото било опожарено и оставено во близина на гробиштата во Бутел. Полицијата се уште трага по сторителите. Се претпоставува дека станува збор за четири лица.

Од МВР претходно информираа дека кражбата се случила утринава во 10.30 часот. Неколку лица влегле во банката на ул.Ферид Бајрам и одзеле пари.

„Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници“, соопштија од МВР.