• 1
    Share

Паричката во семејството на премиерот Зоран Заев се паднала во делот за работа и работните ангажмани.

Инаку, Заев денеска на Божиќ присуствуваше на божествената литургија во црквата Св. Леонтиј, во манастирот во струмичка Водоча.

„На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање која што нѐ исполнува во овие свечени денови. Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро. Христос се роди!“, напиша премиерот на неговиот фејсбук профил.