• 17
    Shares

Нови судири на јужната граница помеѓу мигрантите и полицијата. Во обид да го продолжат патот кон европските земји, мигрантите и бегалците се судриле со грчката грчката полиција во привремениот камп Диавата во близина на Солун. Грчките новински агенции јавуваат дека ситуацијата била тензична, а дека полицијата употребила солзавец. Ваквиот одговор на полицијата, според Ројтерс настапил откако дел од лицата во кампот почнале да фрлаат камења и шишиња кон полицискиот кордон во обид да ја прејдат македонско – грчката граница.

Во меѓувреме македонските власти уверуваат дека земјава е подготвена да се  соочи и со поголем притисок од мигрантите. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека будно се следи состојбата на јужната граница.

Тензиите почна во текот на вчерашниот ден кога исто дојде до судир со грчката полиција во близина на Солун. Мигрантите и бегалците да по лажната информација дека балканската рута повторно се активира, се обидоа да ја преминат македонско- грчката граница. Рутата е затворена веќе подолг период, сепак до земјите од Европа, мигрантите стигнуваа преку алтернативни патишта. Албанија – Црна Гора – Босна и Херцеговина или Албанија – Италија и понатаму во земјите од западна Европа.

Во меѓувреме и соседна Бугарија ги подигна мерките на безбедност. По вчерашните судири, бугарските власти, денеска испратиле дополнителна опрема на границата, вклучувајќи термални камери, ноќни визири, опрема за видео мониторинг и мобилни патроли со цел да можат брзо да ги пресретнат обидите за нелегални премини на границата.