Едно лице од БиХ било измамено кога човек со лажна банкнота од 500 евра купило 130 литра ракија од кај него.

Случајот е пријавен во полиција, а истрагата треба да покаже кој го измамил Ранко В. од Козарска Дубица, БиХ.

Полицијата во Козарска Дубица трага по засега непознат маж кој жестокиот пијалак го платил со лажна банкнота.

Случајот во полиција го пријавил синот на измамениот маж, кој на полицајците им рекол дека неговиот татко на непознат човек му продал ракија за 500 евра, како и дека подоцна утврдиле дека им е платено со фалсификат пари.

Затоа бидете внимателни при продажба на одредени работи бидејќи никогаш не се знае кој може да ве измами.