• 9
    Shares

Мафијашите од поранешната фамилија на власт познати како вмровски босови 12 години го штитеа Златко Кубус наречи го божемен бизнисмен. Поранешната власт, а богами и тогаш и денес се добро инфилтрирани во судовите и обвинителството, тефтерчето на Гоца ги содржи сите нивни имиња, гревови и незавршени обврски и се погодно тло да извршуваат задачи по желба на бизнис крилото. Со смена на власта конечно се откриваат сите дејанија незаконски постапки на Златко Тодоров-Кубус.

Сите оштетени од него како бизнисмен си ги бараат парите кои им ги должи, тоа доведе сите негови фирми со префиксот Кубус ( ДООЕЛ, ИНЖИНЕРИНГ) ДА ПАДНАТ ВО СТЕЧАЈ.

Бродот на Златко тоне он се обидува што може да спаси, ама не му иде не е оваа власт онаа што претходеше и му удоволуваше.

Но измамените се скептични како што ни велат сега е моментот да се види дали од стечајната маса ќе успеат нешто да наплатат. Да наплатат барем нешто од она што им е украдено….

Во мрежата на Златко се фатиле и големи банки кои се оштетени му давале големи кредити без реална гаранција гаранција се станови како хипотекарни ама станови кои не можат да се отуѓат оти немаат имотен лист или се станови веќе отуѓени по Фиком шемата на два-тројца сопственици. А имало и повеќе банкарски кредити на еден ист стан…горење до балчак многумина имаат непроспиени ноќи од Златко Кубус.

По редот на нештата онака како што се овде функционира најмногу ќе изгорат луѓето кои купиле станови од Кубус, ама не добиле имотни листови со години живеат во станови кои реално не се нивни иако дебело ги претплатиле. Имало ми кажуваат и јадници кои и стан не добиле иако плаќале и по 100 илјади евра за големи и скапи станови – дуплекси лоцирани во елитни делови низ Скопје.

Дел од оштетените започнаа пред некој ден и со герила акции за да го свртат вниманието на јавноста за овој нивен проблем со Кубус…Тие само сакаат да ви кажат се раѓа новиот ФИКОМ пред ваши очи.

ВНИМАНИЕ ДО ЈАВНОСТА: СИТЕ ФИРМИ НА ЗЛАТКО ТОДОРОВ – КУБУС СЕ ВО СТЕЧАЈ, НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА НЕГОВИТЕ НОВИ ИЗМАМИ, ВЕЌЕ ИМА ДЕСЕТИЦИ ИЗМАМЕНИ И ОШТЕТЕНИ КУПУВАЧИ НА СТАНОВИ, ФИРМИ ДОБАВУВАЧИ, БИЗНИС ПАРТНЕРИ, БАНКИ, ИЗМАМИ ТЕШКИ ВКУПНО НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА!

Јавноста треба да знае дека сите фирми на Златко Тодоров – Кубус се во стечај во моментов!!!

Тоа е затоа што по 12 години заштита што му ја нудеа големи мафијаши од ВМРО ДПМНЕ кои беа добро инфилтирани по судовите и обвинителствата, конечно сите криминали и измами на Златко Тодоров – Кубус доаѓаат на тапет и конечно сите си ги бараат парите и затоа сите негови фирми се во моментов во стечај и тој се обидува што може да спаси од бродот кој тоне!!!

Тој има неколку фирми, сите го носат името КУБУС, но едни се КУБУС ДОО, КУБУС ДООЕЛ и КУБУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ и конечно сите се во моментов во стечајна постапка во судовите и сега ќе се види дали ќе успеат измамените да си наплатат нешто од украденото.

Дознаваме дека има оштетени банки кои му дале големи кредити со хипотека станови кои пак немаат имотен лист или се веќе продадени по два три пати или пак истите се дадени под неколку хипотеки во неколку банки, така што ќе има многу главоболку кај многу луѓе.

Најголема штета ќе претрпат станарите во многуте негови објекти кои живеат во станови со години без имотен лист иако уредно си ги платиле становите.

Некои не добиле ни стан, одамна ги иселил лично тој, па се и без станови и без пари иако платиле и по 100 000е за големи и скапи станови во елитни делови на градот Скопје.

Дел од оштетените овие денови се решија со герила акција да го свртат вниманието на јавноста кон овој хоштаплер, кој по сите индиции ќе биде новиот ФИКОМ!

Но да се потсетиме кој е Златко Тодоров – Кубус:

Мактел повеќе месеци истражуваше и прибираше информации за фирмата Кубус ДОО и Кубус Инженеринг и нејзиниот легендарен газда Златко Тодоров.

Она што дознавме не запрепасти, човекот речиси 30 години буквално пљачка низ државата, измамува купувачи на станови, бизнис партнери, добавувачи, банки и бизнисмени кои паѓаат на неговиот шарм и харизма и вештина да лаже и кажува приказни. Но тоа не е се, баш како во рекламата на ТОП ШОП.

Тој има измислено еден неверојатен одбранбен систем за да не биде фатен во злоделата и криминалот – веќе 10 години оди наоколу и глуми дека е жртва на некаква банкарско-олигархиска мафија?!?!

Замислете, тие што ги има измамено и им има земено милиони евра ги клевети по медиуми дека они нему му зеле милиони евра, оди до сума од дури 18 милиони евра, иако на хартија бројките покажуваат дека должи на фирми, банки и клиенти милиони евра и нема абер да ги врати, и поради тоа, конечно овие денови се активирани стечајни постаки за двете негови фирми, Кубус ДОО и Кубус Инженеринг, сите што им должи пари сакаат да си наплатат, но и тоа не е се!

За да биде поуверлив во приказната, зема со цел памет и им поднесува кривични пријави, кои се редовно одбивани и тоа во време кога на власт беше режим кој бараше влакно во јајцето за мајка да им се расплака на наклеветените, претежно власи блиски до СДСМ, значи Фершпед, Комерцијална Банка, Кираца Трајковска итн итн…

Со тоа глумење жртва со години во интервјуа по медиуми тој креира кампања во јавноста за да лови симпатии дека е жртва на некаков криминален заговор кој постојано му ги банкротира сите фирми и сите градежни проекти па каде и да гради е во минус и некому должи што станови што кредити на банки што милиони на изведувачи и фирми за градежни материјали.

Таа кампања низ медиумите каде глуми жртва, му е и изговор за некој да не го утепа затоа што должи пари и станови на стотици луѓе, па со тоа се правда дека не е до него, дека и тој е жртва на некои поголеми риби, сомови?! Да потсетиме дека пред неколку месеци му беше запален џипот баш од некој таков човек на кој најверјатно му дошло преку глава со години да се брка со него по судници од каде бега со смешни изговори и измами.

Но и тоа не е се! Тој оваа кампања ја користи за лов на нови жртви, пред се бизнисмени кои ги убедува дека мора да му помогнат за да се спаси од злото, па и тие наседнуваат и му позајмуваат милиони и милиони и они на крај завршуваат изиграни и опљачкани!

Оваа кампања ја користи и за рекетирање на банките, буквално им вели или не ми ги активирајте хипотеките и отпишете ми ги долговите или ќе одам по медиуми и ќе ве оцрнувам ќе ви правам црни кампањи за да ви наштетам на угледот и да ви паднат акциите на берзите!

На бизнисмените на кои им должи им се заканува дека ќе им го уништи угледот ако не му ги простат долговите, најмногу настрада неговата најголема жртва, бизнисменката Кираца Трајковска која сега ја озборува и колне како злобна Влаинка, а од нејзе има земено на заем милиони евра за да избегне банкрот, но и нејзе ја закрпил дебело па сега и плука по неа каде и да стигне!

Тој низ годините има направено криминални конекции со судии, обвинители и особено стечајни управници, а се зборува дека во време на режимот на ВМРО ДПМНЕ имал голема заштита и од Љупчо Радникот. Но и тоа не е се!

Тој е толку итар и расипан што и капиталот го има извадено од своите фирми, ги има оставено празни без трошка капитал и сиот имот на име на станови и кеш го чува по сефови и на имиња на свои блиски роднини. Со цел и тоа да го спаси, дознаваме дека овие денови иницирал и постапка за фиктивен развод со својата долгогодишна сопруга.

Но одиме по ред, од некаде мора да тргнеме, и решивме да одиме од назад кон напред, почнуваме со стечајот, па ќе се движиме со сите слуачи на измами, ги има многу, сите тежат по стотици илјади евра до милиони евра, а потоа ќе се осврнеме и на некои од случаите на измамени купувачи на станови, сите приказни цртаат една слика на еден бесчувствителен измамник психопат кој нема жал и совест за измамените луѓе кои ги има оставено и без пари и без станови на улица.

Една од неговите најголеми финти и фори со кои маестрално успева сите овие години да остане на слобода и покрај стотиците измамени што фирми што луѓе за огромни суми на пари е што во сите фирми тој не е управник туку е само човек со широки овластувања?!?! Па со тоа тој итро се трг аод кривичен прогон по делото злоупотреба на злужбена положба и сите свои криминали ги сведува во граѓанско право на база на нарушени облигациони односи на два правни субјекти па таму оди разбери се кој е крив и зошто.

ВО тоа му помага и уште една мајмунарија, имено тој пред некого да измами и опљачка, прво го седнува да се потпише на некој документ за што и да е, и потоа тој документ го користи како изговор дека не се работи за измама, туку за бизнис зделка која тргнала наопаку затоа што некој од странките не е задоволен од исходот.

ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО ВЕШТ ПОТЕГ ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПРАВДАТА И ДОКАЗ Е ТОА ШТО ТОЈ И ПОНАТАМУ Е НА СЛОБОДА И ДУРИ И ГЛУМИ ЖРТВА ПО МЕДИУМИТЕ!!!

Уредникот на Мактел.мк, Саше Ивановски – Политико имаше прилика да седне на маса со Златко Тодоров и да ги провери повеќето од овие наоди. По неколку средби, тој престана да се гледа со нас и престана да одговара на мејловите и смс пораките. Секако, откако се обиде на средбите да не шармира и да не убеди дека тој не е злосторник туку жртва на некаква голема банкарска мафија која цело време го тера да оди од банкрот во банкрот и да измамува стотици фирми и физички лица. Откако му покажавме дека не паѓаме на тие фори и бараме одговори на сите документи и случаи, тој изчезна од радарот!!!

Во меѓувреме дознавме за уште една вешта мајмунарија на Златко Тодоров. Не само што избегнува да биде управител на своите фирми, тој цело време поставува лица кои ги држи под целосна контрола, обично им зел пари а не им дал ветен стан, па сега живеат во негов стан и од него зависат дали ќе бидат на улица под ведро небо, па тој со години ги тера да одат по судови и да потпишуваат се, буквално се изживува со нив, а тие го молат да ги ослободи, а тој одбива, па дури последната управничка била смртно болна од рак и така се влечела по судници, на рочишта од жал плачеле и судии и обвинители од што не можеле да ја гледаат жената.

ТОТАЛЕН МОНСТРУМ!!!

Уште ова пред првата сторија, она што забележавме за овој легендарен измамник е што тој пази кого ќе измами, пред некого да измами му прави психолошки профил и речиси никогаш не промашува. Добро, само еднаш има промашено, кога го има изиграно Зоки Кичеец, бизнис партнер на Сашо Мијалков, па таа година бил ептнен уплашен дека ќе го јаде црн мрак. Инаку, се друго му е проверено пред да опљачка, најмногу пази дали се работи за семејни луѓе, фини карактери без криминално досиеа и без пиштол со или без дозвола, лица кои не би ризикувале да го скинат и решат по брза постапка и да го лежат откако ќе им земе се што имаат, па откако тоа ќе го провери, оди на тотално дерење кожа без анестезија без милост, душмански.

 

СЛЕДУВААТ ОКОЛУ 10 СТОРИИ НА ОВАА ТЕМА, СЛЕДНА СТОРИЈА Е СО НАСЛОВ: КАКО ЗЛАТКО ТОДОРОВ ГО ИЗМАМИ И ОПЉАЧКА СВОЈОТ БИЗНИС ПАРТНЕР ОД КОГО ЈА УКРАДЕ КУБУС ДОО И ИМОТ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА И СЕГА ДУРИ САКА ДА ГО ОСТАВИ НА УЛИЦА КАКО БЕЗДОМНИК!

Утрово пред домот на сопственикот на градежната компанија „Кубус“, Златко Тодоров, е испишан црн крст со неговото име, а истата порака ја има и на фасадите. МВР за „Макфакс“ го потврди случајот.

Фотографија од местото каде е исцртан крстот со името и презимето на бизнисменот

„На 18.02 во 8:30 часот З.Т. пријавил дека на улица Христо Смирненски има натпис на коловозот со испишана заканувачка порака при што истата порака ја има и на фасадите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“. Минатата недела на неколку локации низ Скопје беа поставени натписи за истиот бизнисмен „Кој го штити Златко Тодоров во обвинителството и судот?“

Кој е Златко Тодоров-Кубус?