• 1
    Share

ОВЕН

Работа: За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватна работа, денешниот ден е поволен кога станува збор за заработка.

Љубов: Чувството на напуштеност не ви дава мир. Тешко ви е да ја преболите старата љубов.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

БИК

Работа: Толку сте окупирани со одредени случувања во приватниот живот, што ги запоставувате своите обврски.

Љубов: Како премногу да сте се опуштиле и сте престанале да превземате иницијатива за било што во вашата врска, нешто за што партнерот ви замерува.

Здравје: Болки во грлото.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Иако размислувате да ја смените работата, чувството на сигурност кое сегашното место ви го пружа не ви дава со леснотија да се одлучите на таков чекор.

Љубов: Не сте сигурни што чувствувате кон вашиот партнер.

Здравје: Губење на апетит.

РАК

Работа: Сред мала концентрација и преголем замор, правите грешки повеќе од обично. Денеска ви е еден од лошите денови.

Љубов: Чувствувате како партнерот ви е единствен на кој можете да се потпрете во животот.

Здравје: Проблеми со низок притисок и малаксаност.

ЛАВ

Работа: Денеска ќе имате потешкотии да дојдете до информации кои ви се потребни, и поради што ќе се чувствувате исфрустрирано.

Љубов: Моменталната ситуацијата во врската ви одговора, и не сакате ништо да менувате.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.

ДЕВИЦА

Работа: Добро сте расположени и сакате да раширите добра атмосфера на своето работно место. Ве чека позитивен ден на работа.

Љубов: Доколку денеска започнувате нова врска, ќе биде долготрајна и многу значајна.

Здравје: Чувствителни зглобови.

ВАГА

Работа: Денеска сте напнати повеќе од обично и наклонети кон нагли и непромислени потези. Внимавајте да не загрозите некој проект.

Љубов: Саканата личност како да ви покажува помалку внимание, што ве повредува.

Здравје: Можна вкочанетост.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска ќе ви пречи монотона атмосфера и рутина во која се работи. Пробајте да направите некои промени.

Љубов: Ако сте во брак, може да очекувате убаво изненадување од својот партнер.

Здравје: Проверете го нивото на холестерол во крвта.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денес без поголем притисок ќе одработите повеќе работи од обично. Денот ви е поволен на ова поле.

Љубов: Можно е спонатно да остварите некое познанство кое во иднина ќе прерасне во врска.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ

Работа: Ова е добар период за подобрување на материјалната ситуација. Можно е да имате повеќе работа од обично.

Љубов: Имате многу доверба во саканата личност и таа ве мотивира да работите на себе.

Здравје: Избегнувајте претерано внесување на шеќери.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ви се насобрало многу работа од порано и вашиот замор полека се акумулира. Денеска е најдобро да одморите за да не ви се случи колапс.

Љубов: Многу сте заљубен и мислите само на партнерот.

Здравје: Главоболка.

РИБИ

Работа: Не ве чекаат никакви дополнителни обврски или големи пресврти. На работа денот ќе помине крајно мирно.

Љубов: Можно е да водите тешки внатрешни битки со себе, но не сакате никој за нив да знае.

Здравје: Циркулацијата ви е слаба.