• 2
    Shares

Популарниот македонски пејал Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, дознава Press24.
според информациите Илиевски бил најден во мотроно возило марка Тојота на Булеварот Трета Македонска бригада.

Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.
Нема информации кои се причините за смртта. Иако се шпекулира со прекумерно користење на психотропни супстанции-дрога.
Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.

Роден е на втори јули 1985 година во Скопје, завршил Академија за драмски уметности. Беше член на групата Морал а во 2011 година ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Русинка.