• 37
    Shares

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски – Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Фотографија на Оливер Бутел.

Името Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња. Децениски потврдено во бизнис заедницата и тука во татковината, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија – Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна, која облагородена и со авторовата имагинативност и суптилен пристап, е сместена меѓу кориците на ова прекрасно издание.

Фотографија на Elena Eli Petkovska.

За човекот кој досега, со недоброени примери и факти, и таму каде што век векува во Соединетите Американски Држави и во Македонија, од каде што му се корените и постаментот на неговото семејно стебло, тој секогаш е во една лоби – офанзива со афирмативната вистина за Македонија, македонскиот народ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

На Џорџ Атанасоски му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. Во иселеничката заедница на македонските сонародници, тој, отпрвин организационо – активистички, потоа, политички и духовно, заедно со генерациската плејада истомисленици, со многу ентузијазам, успех, промисленост и упорност, работи и придонесуваа за што повисокото позиционирање на македонските иселеници во мултикултурното американско општество.

Џорџ е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава, и тоа може да се каже, во клучните раздобја на тој пат на истрајноста и посакуваното финале на 8 Септември (гроздобер) 1991 година, кога сонот на генерациите, стана реалност.

Неговите пораки и зборови, имаат мобилизаторска моќ, бидејќи тие се гласот на народот, глас на вистината. Основната мисија на ваквите посветеници и народни борци е да се чуваат најсветите реликвии на својата нација – името, јазикот, културата и духовноста, односно севкупноста на националните доблести, но и да се помага економски.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, непрекинато повикува на сплотеност и единство на својот род. Укажувајќи дека тоа е бедемот на нескршливоста и непокорот, патот да се премостат многуте тегоби, неправди и злото, без разлика од каде и да доаѓаат тие. Единството и заедничкото дејствување се своевидна нескршливоста, на успехот и справувањето со сите предизвици на модерното време, темел во новиот милениум во кој ја изодуваме новата декада.

Јунакот од оваа моногравско дело, постојано се залага и така дејствува, за неопходноста од стабилноста и кохезијата на македонската заедница во цела етничка Македонија, потоа во македонските иселенички колонии, како и во сите други сфери, кои се витални за опстојот и крупните исчекори на една нација и во мирнодопски, но и во турбулентни времиња.

Таквите угледни бизнисмени, патриоти – вљубеници во својата татковина, секогаш ги води онаа родољубива и света мисла – никогаш да не престанат да го заштитуваат својот народ, и да бидат онаа непремостлива брана, во бедемот на одбраната на неговиот идентитет и национална самобитност.Од најблиските и подалечните тој не случајно е наречен легенда, што е сосема заслужен епитет за Атанасоски, кој се вброи во елитните бизнис – формации и во татковински мисионер.

Па, иако кармата му била да не остане дома, туку да замине по светот, тој во секој момент од неговиот животек и активизам придонесува за својот народ. Атанасоски е доследен човек во кажаното и ветеното. Не останува само на зборови кога вели дека татковината треба да се помага и треба да придонесуваме во мозаикот на сите нејзини развојни фази.

Потврда за тоа е и фактот, дека во Прилеп, од каде одамна кинисал по светот, за да се задоми во Соединетите Американски Држави, инвестира, гради и помага, успешно менаџирајќи фирми, кои под неговата диригентска бизнис – палка, станаа препознатлив бренд во градот под Марковите кули. И, се разбира, пошироко, и повисоко, до каде достига погледот и на статуата на најголемиот цар на сите времиња епскиот јунак Александар Македонски, среде Прилеп, за чија изградба донацијата е на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Од питорексното Марул, до вечниот Прилеп и натаму преку европските земји, сѐ до мегалополисот Њујорк, и блискиот до него Њу Џерси, со конечен пристан до сончевата Флорида на југот од големиот континент, во сите тие трансферзали, се испишува приказната за амбициозниот Македонец, Џорџ Големиот. Кинисува како доста млад од градот под Марковите кули во потрага по еден поинаков животек, поинаква иднина и среќа во далечните простори.

Снаодливоста, работата, упорноста и визионерството, отсекогаш му биле личен белег и силна страна, која го водеше и го воздигна таму каде што е денес. Исклучителна вредност е и тоа, дека, иако тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот Прилеп и својата Македонија. Напротив, се враќаше и се враќа толку многу пати, каде што го влечат корените и носталгичните вибрации.

Направи многу крупен чекор и служи за пример неговата одлука и гест, да изгради хотелски објекти, да го воскресне од дното еден од најголемите комбинати, да спонзорира спортска екипа и да прави уште многу добри дела. Тоа, прилепчани и сите вистинољубиви луѓе, го ценат и уважуваат, бидејќи Џорџ со личен пример покажа како се сака и помага родниот крај и Македонија. Неговата максима преточена во дело е и онаа Кенедиевата, дека, не е важно што татковината ќе стори за тебе, туку, најважно е, што ти ќе сториш за неа.

Атанасоски е и дел од првата формација на Светскиот македонски конгрес, беше кандидат во трката за претседател на Република Македонија, претседател на политичката партија „Македонска алијанса“, иницијатор и сопственик на гласилата „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“.

Затоа со право се вели дека Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски е човекот кој активно се вклучува во оние активности во кои се работи и се придонесува за доброто на татковината. Тој е еден од оние видни личности кои македонскиот народ низ своите историски, развојни и цивилизациски епохи, имал такви луѓе, имал борци и верни чеда.

Затоа, со право се вели дека еден од македонските патриоти, бизнисмени и хуманисти, кој со својата харизма, упорност и докажани дела и вредности, и кој со својата харизма и неотстапност останува доследен и горделив Македонец, двигател на мислата за слободна Македонија, за обединет македонски народ во своите етнички граници, е Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Тој заслужува големо признание за сето она што го прави за татковината, за Прилеп, за македонскиот народ како претставник на лозата Атанасоски.

Низ ваквите корифејни примери и продонес, се гледа и подемот на еден народ, на една црква и на една држава – на македонскиот народ и Македонската православна црква, Охридска архиепископија и на суверена Република Македонија. Тоа се нашите три вечни факели кои се живи одблесоци и кои не само што опстојале низ времето, туку тие редат нови успеси, вредности и постигања на сите полиња.

А доблесни патриоти ја шират вистината за нив, се борат за нивното име и престиж, помагаат и придонесуваат на најдобар можен начин. Во Њујорк и Њу Џерси, во Флорида и во Македонија, покрај активноста во македонската заедница, Џорџ Атанасоски, како верник, со многу духовна промисла и посветеност, а и потоа на Флорида каде што живее семејството Атанасоски, придонесува за воздигнувањето на својот род и светоста на МПЦ-ОА.

И токму затоа, за него може да се нижат многу факти, дела, заслужени епитети, комплименти и восхит. Тој насекаде го истакнува своето македонско потекло и македонски корени, и правејќи го тоа со огромна љубов, и непрекината верност кон татковината. Атанасоски го прави тоа со својата најубава библиска земја на Балканот, во јужните поли на европскиот континент, или отаде Атлантикот во неговата втора татковина, Америка.

Не случајно на многу трговци и каравани низ Македонија им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многу вековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил одушевен од она што го слушал, читал и доживувал за античка Македонија. А и неговото родно Марул и Прилеп кои се сместени во Пелагонија, значајниот дел на античка Македонија, ја поттикнуваат неговата љубов кон древните корени.

Македонија, татковината на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец. Нејзината географска положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи. И денес Македонија сè уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.

За историскиот развој на Македонија, од античко време па до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Често се вели дека Македонија е земја на премрежиња, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстојувања, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската Империја.

Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја.

Македонеците се народ на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика „тешкото”, затоа објективно и не можеле да имаат поинаква судбина и минато. Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара светска цивилизација.

Тоа се потврдило со фактот дека со името Македонија уште во античките времиња се означувала една мала покраина во непосредна близина на Пела, денешното село Постол – престолнината на античкото македонско царство. Исто така треба да нагласи дека Македонија како историско и географско подрачје се споменува како земја на неколку места и во Библијата.

Инаку, Долна Македонија, за разлика од Горна Македонија претежно е рамничарска земја. Таа на југ ја ограничуваат водите на Егејското Море, на југозапад водите на Термајскиот Залив и Перијанските Планини, на запад планините Вермион, Верас и Пајко, на север планинските масиви на Балкан, а на исток ридестата разделница меѓу долините на Вардар и Струма. Вардар ја дели Долна Македонија на источна и западна.

Западната половина на Долна Македонија физички и географски е карактеристична по централната рамнина создадена од наносите на реките Вардар, Бистрица, Лудијас и Галикос. Оваа плодна земја (со површина од околу 1.500 километри квадратни) на југ ја ограничуваат водите на Термајскиот Залив, на југозапад планините на Перија, на запад планината Вермион, на север планината Пајко, а на исток реката Вардар.

Се чини Филип II Mакедонски и Александар III Македонски (Велики), се најзначајните личности во античкиот период. Тие биле воини, стратези, генијалци и кралеви на античка Македонија. Тие го сменија текот на историјата, границите на континентите и филозофијата на животекот. Затоа и по околу три илјади години останаа да бидат непресушна инспирација и восхит за вечни времиња.

Филип II Македонски (359–336 година пред Христа) потекнувал од династијата Аргеади. Тој бил син на кралот Аминта, а станал македонски крал на 23- годишна возраст. Филип монархот со сета своја мудрост, знаење, искуство, воинственост и храброст, ги отворил вратите на својата родна Македонија кон светот.

Меѓутоа, најголем територијален, политички, воен и економски подем и процут, незапаметен и незабележан каде било на друго место на планетата Земја, Македонија доживеала во времето кога на престолот дошол најуспешниот мудрец, стратег, војсководец и бестрашен борец Александар III Македонски (Велики). Бил роден во Пела, од таткото Филип и мајката Олимпија Епирска, во јули (златец) 356 година пред Христа, од династијата Аргеади.

Стекнал слава на генијален стратег, воин, војсководец, мудрец и визионер за голема светска држава. Со своите успешни воени походи ги покорил Анадолија, Сирија, Египет, Персија и Месопотамија, проширувајќи ги границите на Македонија сè до Авганистан и Индија. Под неговата команда на илјадници километри квадратни биле бројни држави, царства, империи, племенски заедници, народи и нации.

Насекаде каде што војувал и освојувал, тој воведувал посебна власт и управа, при што ги почитувал и локалните традиции и обичаи. Истовремено бил иницијатор и организатор на големи градителски подвизи. До ден-денес останале траги од некои имиња, градови, места и обележја подигнати во Александровото време.

Само еден месец пред да наполни 33 години, легендата умира под сè уште контроверзни околности во јули (златец) 323 година пред Христа, во Вавилон. Хероите заминуваат – но делата, записите, преданијата, митовите и легендите остануваат. Александар III Македонски (Велики) впиша ново поглавје во светската историја, воената доктрина, во литературата и културата.

Затоа, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил одушевен од она што го слушал, читал и доживувал за античка Македонија, особено за Филип и Александар Македонски. А и неговото родно Марул и Прилеп кои се сместени во Пелагонија, значајниот дел на античка Македонија, ја поттикнуваат неговата љубов кон древните корени на Македонија.

Така, во една пригода ке изјави дека секогаш ја следел и ќе ја следи идејата на најголемиот Македонец на сите времиња – Александар Македонски, кој не поробуваше туку обединуваше народи. Така, таа ѕвезда – водилка Ѓорѓија го води кон духовното спокојство за повторно воскреснување и вековно опстојување на македонштината. Името македонско достојно прозвучува во светот.

Последен доказ за тоа е признавањето на Република Македонија под уставното име од страна на САД, втората татковина на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Полека но сигурно му се остваруваат сонот и визијата за иднината на неговата татковина. Тој знае дека патот е тежок, но верува дека вистината ќе ја победи неправдата – Македонците ќе го остварат отсонуваниот сон, денот да ги раздени во нивната Македонија, онаа Александровата со наш обединет Егеј, Пирин, Вардар, Голо Брдо, Гора, Мала Преспа.

Исто така, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски вели дека тоа е причината поради која соработува со сите добронамерни и чесни луѓе, кои ја сакаат родната земја Македонија и се борат за македонската кауза. На сите Македонци во земјава и пошироко им ветува дека во деновите по годините со истрајност ќе чекориме по патот кој го трасиравме – сè за Македонија и за македонскиот народ, со цел таа да ни биде вечна и вековита.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се ангажира да го изгради споменикот на Александар Македонски и да му го подари на својот град Прилеп, не само за прилепчани, туку за сите Македонци во Македонија и надвор од неа и во светот. Тој ден сите беа во Прилеп за да се обединат и да застанат под знамето на Александар III Македонски (Велики) кој не само во Прилеп, туку ќе биде роден и во другите градови на Македонија и во другите делови на етничка Македонија

Како резултат на силната љубов и почит кон античка Македонија и кон древните корени, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на 30 јуни (жетвар) 2006 година во Прилеп ги потврди и ги одбележа со поставувањето на споменикот на Александар III Македонски.

Имено, тој го финансираше создавањето на бистата, дело на Жарко Башески, со цел да му се оддаде должната почит на најголемиот Македонец, кој славата на својата земја ја пренесе низ цел свет.

Дотогаш Република Македонија беше една од ретките земји каде што немаше никакво обележје за Александар. Затоа, таквото монументално дело стана македонски препознатлив знак за народот кој некогаш големиот Александар го водел во походи со цел да ги обедини народите.

Благодарение на Ѓорѓија Атанасоски Република Македонија го доби симболот на својот национален идентитет за да потсетува на незаборавот на македонската кауза. Со тоа, Прилеп градот херој, градот под Марковите кули, во 2006 година стана единствениот град во Република Македонија чиј плоштад се гордее со грандиозен споменик на македонскиот великан и војсководец Александар Македонски.

Како што великанот Александар некогаш ги обединувал народите, така и господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски со поставувањето на споменикот ја оствари својата обединувачка мисија.

Затоа, со право се рече при откривањето на споменикот дека Македонците од Балканот и Македонците од светот имаат и со што да се гордеат и да го слават делото на големиот војсководец, бидејќи тие се директни потомци на Александар Македонски.

При откривањето на споменикот на Александар III Македонски (Велики) бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, меѓу другото рече дека како прилепчанец сака да ги поздрави сите прилепчани, Македонците од САД, Македонците од Австралија, од Мала Преспа, Албанија, од Пиринскиот дел и од Одринско од Егејска Македонија.

Александар III Македонски не бил само крал на Македонците, туку тој бил крал на визијата на светот. Александар III Македонски бил визионер, не бил поробувач, тој бил најголемиот обединувач на народите, со кој и ден-денес се споредуваат лидерите. Затоа, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се ангажира да го изгради споменикот на Александар Македонски и да му го подари на својот град Прилеп, не само за прилепчани, туку за сите Македонци во Македонија и надвор од неа и во светот. Од Прилеп да тргне патот за поубава Македонија.

Честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот – македонскиот бизнисмен Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиерот на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.

На овој голем настан за Прилеп и Македонија, тогашниот градоначалник на Прилеп, господинот Ристески, им додели плакети на донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и скулпторот Жарко Башески, како и на светски познатиот оперски пејач баритонот Борис Трајанов и на групата „Синтезис” за нивното учество во делот на културната програма.

Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече дека градот под Марковите кули, од тој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно – грандиозен споменик на Александар III Македонски (Велики).

Старите Латини рекле дека името е знак, не знам зошто и не знам кога, но навистина е речено дека името како знак всушност е препознавање, тоа е корен и стебло на еден народ, името на Александар Македонски е нашата препознатливост. Госпосинот Ристески рече дека денес не зборува од лично име, ниту како градоначалник, туку како Македонец кој има чест да зборува, на овој голем ден за нашиот град.

Исто така градоначалникот рече дека тој нема да зборувам за значењето на Алексадар Македонски од историски аспект, бидејќи се учело и се знае доволно за Александар Македонски, особено и големо е значењето на овој споменик од аспект на културата, традицијата и туризмот. Најмаркантната личност во нашата историја конечно го доби своето место на еден од најубавите плоштади во Македонија.

Инаку, споменикот е висок шест метри и е изработен од бронза, а копјето е долго 5,30 метри. Штитот има пречник од околу еден метар и на него е претставен релјеф со сцени од Илијадата.

Особено радува тоа споменикот за Александар Македонски е донација на прилепчанец господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, човекот кој покажа како се сака својот град, како се инвестира во него, како се заживува локалното стопанство и што значи да се биде културен мецена. Тешко ќе беше да се реализира овој проект без неговата несебична поддршка. Секој грам бронза, секое зрно камен и секоја плочка мермер се дел од прилепската културна атракција.

Од таа сцена произлезе и се анимираа идните македонски културни амбасадори, уметници со кои се гордее и град Прилеп. Фасциниран од идејата и од реализацијата на овој проект, бизнисменот Џорџ Атанасоски со огромно задоволство ја прифати поканата за учество на светски признатиот оперски пејач, баритонот господинот Борис Трајанов. А таму беше и групата „Синтезис“.

Затоа беше изразена осебна благодарност до нив и до човекот со волшебни раце, кој го излеа овој споменик, господинот Жарко Башески, како и до сите фирми и работници, кои активно беа вклучени во реализацијата на проектот.

При таа прилике беше речено дека ако градот Александрија, кој го основал Александар Македонски, во минатото имал огромна библиотека, која потоа изгорела, Прилеп на ова место доби библиотека на отворено каде секој посетител ќе може да се запознае со историјата на градот и со прилепските автори.

Во својот говор Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп рече дека проектор за споменикот на Александар Македонски ќе се реализира на големиот национален празник Илинден. Тоа се оствари и околу споменикот е изграден убав парк и плоштад во Македонија. На крајот градоначалникот Ристески ги поздрави присутните со една голема мисла на великанот Александар III Македонски (Велики), кој многу одамна рекол: „Јас не го освоив светот, јас го обединив светот“.