• 9
    Shares

Фиорентина официјално соопшти дека нивниот капитен Давиде Астори бил пронајден мртов во хотелска соба ова утро, а тоа предизвика шок кај јавноста.

Италијанецот наполни 31 година во јануари и беше во хотелот во Удинезе со остатокот на екипата пред денешната средба против Удинезе.

„Давиде не се појави на доручек во 9.30, а обично беше прв кој пристигнува на него. Поради тоа играчите заминаа да го проверат. Давиде спиеше сам во соба. Не ја знаеме причината за смртта. Полициски службеник дојде и телото е префрлено на аутопсија, која ќе биде направена денес. Немаме повеќе детали. Последен кој го виде Давиде беше Марко Спортиело. Некои играчи спијат сами во собите, а некои во парови. Неговото семејство го известивме преку телефон додека неговата сопруга ја посетија нашите директори“, вели портпаролот на клубот Артуро Мастронарди.

Фудбалскиот свет е во тага по ненадејната смрт на Давиде Астори, поради што сите натпревари од Серија А се одложени.

Џенова и Каљари требаше од 12:30 часот да го одиграат својот натпревар, но токму кога играчите излегоа на теренот се дозна дека во Удине, во текот на вечерта починал фудбалерот на Фиорентина и италијански репрезентативец.

Следуваше молк на „Луиџи Ферарис“, играчите, меѓу кои и нашиот Горан Пандев, и навивачите беа во шок, многумина и заплакаа кога им беше соопштено дека животот го загубил италијанскиот репрезентативец.

Капитенот на Фиорентина во сон почина во хотелот во Удине каде неговиот тим требаше да одигра натпревар со домашниот Удинезе.