• 11
    Shares

Новиот хрватски надбискуп, Анте Јозиќ, е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи во еден тунел блиску Имотски во Хрватска.

До несреќата дошло откако двата автомобили се судриле, по што едно 24 годишно момче загинало.

Во несреќата која се случила синоќа околу 19 часот кај Сплит, тешко е повреден монсињор Анте Јозиќ, неодамна избран за надбискуп во сплитско-макарската надбискупија.