• 14
    Shares

Uterus!

Foto

БЕЏЕТИ: НИКОЈ ДА НЕ МИ СЕ МЕША ВО ИНГЕРЕНЦИИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО „МАТКА“

Дивата платформа за посетителите на Матка е грд чир кој ја уништува преубавата природа, дел од граѓаните кои утрово дојдоа заедно со група на странски туристи да го видат автентичниот кањон со живописни пејзажи, велат дека во ниту европска земја не е дозволено да се интервенира на ваков начин, револтирани се што на Матка секојдневно никнуваат дивоградби за кои никој не презема ништо.

И додека првиот човек на Скопје, Петре Шилегов го повика Блерим Беџети да го реши проблемот со платформата, а министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески најави можно одземање на ингеренцијата на општината, градоначалникот Беџети им порача да не му се мешаат во неговото работење.

За Телевизија 24 Блерим Беџети изјави дека не може да разбере зошто во време на туристичка сезона се оцрнува Матка и дека наскоро ќе излезе со конкретни информации за случајот кој предизвика силни реакции и кај власта, но и граѓаните.

„Не можам да разберам зошто сега, кога на Матка доаѓаат туристи од секаде,  властите ја оцрнуваат оваа туристичка дестинација, јас сум градоначалник кој што се грижи за сите  граѓани на општината Сарај и ги почитувам сите правни законските норми. Секој си ги знае своите ингеренции и не треба да ми се мешаат во моето работење. Се прашувам и зошто реагираат за оваа платформа, која не е единствена, во непосредна близина има други две платформи“ – вели Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај.

Дел од луѓето кои што работат на платформите каде што се организираат тури со чамец низ езерото не сакаат да зборуваат јавно, но велат дека тоа им е единствен начин да заработат.

И дел од жителите кои имаат викендици и живеат на Матка не сакаат да зборуваат пред камера, но велат дека се разочарни што тука со години никој ништо не презема, преку ноќ никнуваат дивоградби и го нагрдуваат ликот на еден од најубавите кањони на Балканот.

https://youtu.be/ebVAbW-vPcY