• 1
    Share

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека има посебна причина зошто Стево Пендаровски бил толку нервозен на дебатата на претседателските кандидати на ТВ Сител.

“Го знам Стево Пендаровски од 2000 година и како портпароли заедно сме биле пред камерите на десетици новинари во кризната 2001, но и на ТВ расправи за политика во изминативе 15 години.

Но, никогаш досега не сум го видел Стево така НЕРВОЗЕН и напнат, како на денешната ТВ дебата на Сител (Детектор).

Има нешто, а што е тоа, тој најдобро си знае.
Сега во 23:30 повторно ќе ја гледам РЕПРИЗАТА на Сител”, напиша Милошоски но не откри зошто бил Пендаровски толку многу нервозен.

Извор: Expres