dav

Секоја година непрекинато се раѓаат нови таленти во спортот,некои порано,некои подоцна,но потенцијалот не останува незабележан. Марко Златановски е седумнаесет годишен ученик во СУГС “Кочо Рацин” и живее во Скопје.Возач почетник на мотокрос и ендуро од мотоклубот МК Мотори,кој за краток период од 10 месеци активни тренинзи,успеа да постигне одлични резултати на овогодинешните натпревари во јуниор класата. На спортскиот полигон “Стенковец” на 08.10,викендот се одржа третиот по ред “Off Road Show 2018” поделен во два дена, каде Марко првиот ден издвои прво место, вториот ден заврши на второ место,а на официјалното доделување на наградите го освои второто место во македонскиот ендуро шампионат.

cof

На  14 октомври, се одржа третата и последна трка од македонскиот мотокрос шампионат. Трката се одвиваше на популарната патека Орман во близина на Скопје, каде Марко Златановски го освои третото место на натпреварот,воедно за него и прв мотокрос натпревар. Овој викенд беше последниот Ендуро Шампионат за оваа година “Ендуро Велес 2018” што се одржа на теренот над велешкото езеро “Младост” ,на кој овој млад почетник го освои второто место и ја заврши оваа година успешно, со одлични резултати и несомнено стана миленик на публиката.
За него ова е само еден прекрасен почеток како спортист,за кого допрва ќе се слуша.