• 1
    Share

Љубовниот живот на Хајрудин Хари Варешановиќ, лидерот на популарната група Хари Мата Хари бил доста интригантен во минатото.

На пејачот му се случи голема љубов со Аида, уште кога имаше само 19 години, па со неа се ожени на крајот од 1983 година. Церемонијата поминала интимно, без голема помпа, во кругот на пријателите, а две години подоцна, во 1985 година им се роди ќерката Наѓа.
Во едно интервју, тој призна дека бил многу млад и неподготвен за улогата на татко. Речиси една деценија подоцна, на Хари и на Аида им се роди синот Дамир.

Меѓутоа, дури подоцна исплива на виделина дека тој две години пред да му се роди синот, (во 1992 година) го добил вонбрачниот син Мак, за кој и самиот Хари дознал многу подоцна. Тој беше една од причините поради која се распадна неговиот брак со Аида. Освен тоа, Варешановиќ отворено зборуваше дека својата втора сопруга, Јасминка ја запознал во 1994 година, и дека тогаш сфатил што е вистинска љубов. Никогаш сум немал проблем со дрогата, алокохолот и со коцката. Единствено не се спасив од жените, а тоа е е ден од нуспроизводите кој оди со музиката, и ми е најдрагиот порок. Со сопругата имав мали проблеми, но ретко. Секогаш ѝ велев: Кој ти е крив? Самата си бирала. Ти ме избра мене, не јас тебе. Со неа останав во брак, во компромисен брак, поради децата“, изјавил Хари. Подоцна признал дека веќе една деценија наназад живее на релација Сараево- Минхен, поради сегашната сопруга Јасминка со која се ожени во 2010 година.