Британски „Guardian“ во анализата на пресудата за воениот злосторник Слободан Праљак, оценува дека премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ е првиот европски премиер кој поддржал воен злосторник.

Весникот објави дека Праљак, режисер кој стана клучен водач во раните 90-ти, бил осуден од Хашкиот трубунал за злосторства во кои се вбројува бомбардирањето на Мостар и злоставување на заробеници, но дека премиерот Пленковиќ ја прогласил оваа пресуда за „длобока морална неправда“.

Според британските медиуми, ова е прва изјава на шеф на влада од Европската унија во која се поддржува осуден воен злосторник.

Вакви реакции не доаѓаат само од „Guardian“. Австрискиот дневник „Der Standard“ објави обемна анализа со наслов: „Хрватската десница профитираше од самоубиството на воениот злосторник Праљак“, во која нагласува дека хрватската влада нема да има никакви правни опции за да може успешно да отвори ревизија на хашките пресуди за херцеговската шесторка.

На почетокот на текстот се опишува како во Мостар и во Загреб се палеле светла во чест на воениот злосторник Праљак кој се отру во судницата во Хаг откако му беше потврдена казната затвор од 20 години.

„Der Standard“ констатира дека по реакциите на хрватските медиуми за смртта на Прањак може да се дојде до погрешен заклучок дека тој не е воен злосторник, туку светец.

Познатиот германски весник „Der Spiegel“ на својот портал, еден од најпосетуваните во Германија, објави опширен текст во кој изразува згрозеност од фактот дека „Хрватска тагува по еден воен злосторник“.