• 3
    Shares

стории за измамите на бизнисменот Златко Тодоров, сопственик на неколку фирми кои сите се во стечај, КУБУС ДООЕЛ, КУБУС ДОО, КУБУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ и други.

Додека ги објавуваме сториите, апелираме до ОЈО и властите да конечно ги заштитат граѓаните од овој тежом измамник кој има измамено стотици граѓани и фирми и бизнисмени на кои им зел пари не им дал стан, не им вратил позајмици или им ги однел фирмите во стечај со разни малверзации и криминали.

Овој наречи го архитект веќе 30 години е дел од градежната и финансиска мафија во Македонија ни тврдат соговорниците, измамува кого ќе стигне, пријатели, добавувачи, државата, купувачите на неговите станови, банки, бизнисмени и сите кои ќе паднат на неговиот шарм и способност да измами.

Овој тип има смислено илимити конструирано одличен одбранбен механизам кој на прв поглед би изгледал така наивно тој на пример оди наоколу и тврди дека е ЖРТВА НА НЕКАКВА БАНКАРСКА ОЛИГАРХИЈА????

Дека не е жртва кажува податокот дека неговите фирми се под стечај значи должел а не сервисирал долгови ама тој не паѓа на грб поднесува кривични пријави и иде по медиуми и бара заштита. Глумејќи жртва во прилог му иде дека му беше запален џипот или сам си го запалил кој да знае ама му е адут во раце дека ете некој сака да го утепа на сред Скопје. Таа кампања му е одличен параван да наоѓа нови жртви и да ги измамува…во продолжение ќе објавиме 5 серијали за неговите дејанија…

СЛУЧАЈ 1: Димитријевиќ – Кубус ДООЕЛ

 

Во 2005 година физичко лице – купувач врз основа на склучен купопродажен договор за стан во објектот на Кубус извршило плаќање на купопродажната цена, вкупно 90 000е, но не добива имотен лист од причина што целиот објект нема имотен лист. Во 2007 година на инсистирање на Кубус, се раскинува предметниот купопродажен договор и се склучува договор за закуп.

Врз основа на овој договор на купувачот му е даден друг стан на користење, а не стан кој што е платен во 2005 година. Покасно купувачот е преселен во сосема друг објект на Кубус на друга локација во друг стан со ветување дека за платените пари во 2005 година ке му се пренесе овој стан во сопственост. Во 2016 година (по повеќе од 10 години) купувачот не може да реализира право на сопственост ниту на овој стан од причина што истиот е делумно заложен под хипотека, а делумно е дивоградба и при тоа истиот тој стан уште во 2015 година е веќе продаден на трето лице со уредно заверен купопродажен договор. Ова значи дека еден исти стан Кубус, односно Тодоров два пати го продал и два пати наплатил пари од два различни купувачи.

Во разговор со Златко Тодоров тој ни презентираше една многу интересна приказна за овој случај. Наводно купувачот требало да плати вкупно 120 000евра за стан од 150 квадрати. Но откако таа не успеала да ја плати целата сума, туку уплатила само 90 000 евра, тој решил да и помогне и да ја премести во помал стан, и да и врати 20 000 евра.

На наше прашање зошто не и ги вратил сите пари, тој ни кажа дека во тој период додека траел периодот за исплата на целата сума, таа банкротирала, па тој морал да и плаќа сметки и храна?! Нешто што продолжил да го прави и откако ја префрлил во друг стан каде била ослободена од кирија. Па целата сума за кирија, сметки и храна за тој период од 10-тина години доаѓал до сумата која таа му ја дала, 70 000 евра плус 20 000 евра колку што и вратил.

Нас оваа приказна ни е многу чудна, зошто некој кој има 90 000 евра би му ги дал некому без за тоа да бара имотен лист за стан, па после откако нема да го добие да живее во милостиња и да моли за своите пари цели 10 години?!

Но факт е дека тоj некако успеал да ја убеди да го потпише договорот за купопродажба каде таа се откажува од безмалку 70 000 евра, иако во самите документи се споменува и сума од 120 000 евра?!?!

Една од можните причини зошто женава би се откажала од парите и од станот, е поради некаков обид од една или од двете страни за избегнување да се плати данок на државата, што навестува и следниов документ каде оштетената го тужи Златко Тодоров за измама каде наведува дека не само што и украл 70 000 евра туку и ветените 20 000 евра што требало да и ги врати, не ги вратил.

Ние лично, сме на страната дека се работи за измамник, овој случај со оштетената Димитриевиќ која платила 90 000 евра а останала и без стан и без пари, а наводно тој и плаќал сметки и храна сите овие години, не наведува на тоа дека сепак Златко е безмилосен измамник кој својата неспособност ја маскира со некаква жртва од некаква измама.

Дали

СЛУЧАЈ 2:  Кираца Трајковска – Кубус Инжинеринг ДООЕЛ

Во друг објект, овој пат на Кубус Инжинеринг купувачот во 2008 година врз основа на склучен преддоговор за купопродажба целосно платил станбен простор и врз основа на записник истиот му е предаден во владение, но не добива имотен лист. Во 2012 година иако знае дека целосно наплатил за продаден станбен простор кој е во владение на купувачот, Кубус Инжинеринг без знаење на купувачот истиот го заложува под хипотека. До ден денес станбениот простор и понатаму е заложен, а од страна на Кубус Инжинеринг купувачот трпи повеќегодишно спречување на запишување на правото на сопственост врз целосно платениот станбен простор во 2008 година.

Овде оштетена е бизнисменката Кираца Трајковска. Се работи за имот платен над 300 000 евра. На наше прашање до Златко Тодоров, зошто не и ги дава становите и дуќаните кои ги платила, тој почна да раскажува една долга приказна за некакви кредити давани преку банки каде он е оштетен и наводно Кираца и нејзини фирми нему му должеле преку 1 милион евра, па затоа тој одбивал да и го даде нејзе имотот. Потоа ја смени приказната и рече дека тој сакал да и ги даде становите и дуќаните, но таа одбивала.

Всушност вистинската состојба е следна.

На 24.09.2008 година Гост ДОО Скопје како купувач склучил пет Преддоговори за купопродажба на недвижност во фаза клуч на рака со Кубус Инжинеринг ДООЕЛ Скопје како продавач во колективна станбена зграда на ул. Петар Поп Арсов бр.8 во Скопје и тоа за локали број 1, 2 и 3 и за станови бр. 6 и 7. Вкупен износ на наведените Преддоговори со вклучен ДДВ е 307.386 ЕУР или пресметано по среден курс на ЕУР во денарска противвредност 18.842.762 денари.

На 20.09.2008 година и на 10.10.2008 година Кубус Инжинериг ДООЕЛ Скопје како продавач издал авансни фактури по наведените Преддоговори на Гост ДОО Скопје. Вкупен износ на наведените авансни фактури е 16.404.438 денари.

На 20.09.2008 година и на 10.10.2008 година Гост ДОО Скопје како купувач извршил плаќање по издадените авансни фактури по наведените Преддоговори на Кубус Инжинеринг ДООЕЛ Скопје.

Вкупен износ на извршени плаќања од страна на Гост ДОО Скопје по авансните фактури е 16.374.762 денари.

Заклучно со 10.10.2008 година по склучување на пет Преддоговори за купопродажба на недвижности во фаза клуч на рака во вкупен износ од 18.842.762 денари, Кубус Инжинеринг ДООЕЛ Скопје како продавач издал авансни фактури во вкупен износ од 16.404.438 денари, додека Гост ДОО Скопје како купувач извршил плаќање на авансните фактури во вкупен износ од 16.374.762 денари.

Разлика помеѓу вкупниот износ на Преддоговорите (18.842.762 денари) и вкупниот износ на авансните фактури издадени од продавачот (16.404.438 денари) изнесува 2.438.323 денари и се однесува на Стан бр. 7 и за оваа разлика продавачот воопшто не издал фактура затоа што во тој момент Кубус Инжинеринг ДООЕЛ Скопје имал обврска кон Гост ДОО Скопје во износ од 1.750.000 денари.

Разлика помеѓу вкупниот износ на авансните фактури издадени од продавачот (16.404.438 денари) и вкупниот износ на извршени плаќања од страна на купувачот на 20.09.2008 и на 10.10.2008 година (16.374.762 денари) изнесува 29.676 денари.

На 17.09.2010 година од страна на Кираца Трајковска од нејзина трансакциска сметка извршена е уплата на парични средства во корист на продавачот Кубус Инжинеринг ДООЕЛ Скопје во износ од 2.000.000 денари.

Со оваа уплата заклучно со 17.09.2010 година всушност продавачот за вредноста на склучените Преддоговори во износ од 18.842.762 денари примил парични средства во вкупен износ од 20.124.762 денари или примил 1.282.000 денари повеќе од вредноста на склучените Преддоговори.

Гост ДОО Скопје ги платил по основ на Преддоговорите и издадените авансни фактури се всушност средства кои Кираца Трајковска ги уплатувала на Гост ДОО Скопје во вкупен износ од 5.564.000 денари, како и средствата во износ од 9.671.920 денари (157.267 ЕУР) наплатени од девизниот депозит на Кираца Трајковска или вкупно Кираца Трајковска дала средства во износ од 15.235.920 денари.

Доколку на овој износ од 15.235.920 денари се додаде и директната уплата од трансакциската сметка на Кираца Трајковска во корист на Кубус Инжинеринг ДООЕЛ Скопје од 17.09.2010 година вкупниот износ на дадени средства е 17.235.920 денари.

Од тука реално и произлегува правото на владение и сопственост на предметните недвижности на Кираца Трајковска.

Златко Тодоров односно Кубус инжинеринг ДООЕЛ Скопје наведените недвижности по основ на преддоговорите и авансните фактури ги наплатил во целост уште во 2008 година, ги предал во владение исто така во 2008 година, но за истите никогаш не склучил Договори за купопродажба или поточно речено одбивал да склучи Договори за купопродажба, со што го оневозможил купувачот да си го запише правото на сопственост врз предметните недвижности во јавните книги.

Од воспоставеното заложното право го ослободил само станот бр. 6 кој во целост е платен, но и за него не склучил Договор за купопродажба и не му овозможил на купувачот да се запише како сопственик во имотен лист.

И на крај во 2012 година Кубус инжинеринг ДООЕЛ или подобро речено Златко Тодоров преостанатите недвижности (стан бр.7, локал 1, локал 2 и локал 3) без знаење на купувачот повторно ги оптеретил со заложно право хипотека во корист на Комерцијална банка АД Скопје за обезбедување на рамковен кредит на Кубус инжинеринг во износ од 5.750.000 ЕУР.

Сите наведени дејствија се направени со намера Златко Тодоров да прибави противправна имотна корист за себе и за друштвото Кубус инжинеринг ДООЕЛ Скопје.