• 12
    Shares

Милош Д. (43) и неговата мајка Добрила Д.(73). се пронајдени мртви во нивниот стан во белградска Звездара.

Како што пишува српски Курир, соседите неколку денови не го виделе момчето, а потоа почнала да се чувствува непријатна миризба.

Полицијата открила во станот две мртви тела кои припаѓаат на мајката и на синот и двајцата со прострелни рани во главата.

Во раката на Милош е пронајден револвер од кој е пукано, а сознанијата се дека тој првин ја убил својата мајка , па си го одзел животот.

Соседите велат дека двајцата биле мирни и културни, но Милош не бил многу расположен за разговор, не се дружел со никого, иако секогаш ги поздравувал.

Секој ден одел до блиската продавница за да купи што е непходно за дома.

Добрила Д. инаку порано била судија во Окружниот суд во Белград.

Фото.курир.рс