Никола Јанков – Коки од „Тајфата“ се пофали дека топел чварки. Застанат над казан со дрвена маталка во рацете, тој се пошегува дека е на „чваркијада“. Пријателите го нарекоа мајстор и повеќето му побараа да им спакува по едно ќесиче, оти им се пријале тазе чварки кога ги виделе сликите. „Коки, стрв ни правиш“, „Македонски гумени бонбони“, „Една ќесичка за мене за роденден наместо поклон“, му напишаа тие. Тој, пак, им одговори дека чварките се за него, за хроно диетата на која е во моментов.

Некогашниот член на дуото „Дуле и Коки“, изминатиот период во јавноста беше актуелен заради разводот од сопругата Росана со која беше во брак 10 години. Тие важеа за среќна и стабилна двојка, а Росана ги водеше сите работи околу неговата кариера. Таа ги договараше дури и прашањата со новинарите и ги организираше промоциите на „Тајфата“. Двојата ја има ќерката Лара.