• 22
    Shares

19 годишна девојка го загуби животот во несреќен случај, кога паднала од зграда на чиј покрив снимала видео за да го објави на социјалните мрежи, јави РТС.

Како што се дознава, младата девојка била на покривот од една зграда со своето друштво. Таа снимала видео кое сакала да го објави на некоја од социјалните мрежи, но изгубила рамнотежа и паднала од 15 метри висока зграда.

Младата Ива М. настрадала пред очите на своите другари кои останале шокирани.