• 9
    Shares

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

Фотографија на Filip T. Petrovski.

Се врши невидено криминално купување на пратеници. Се вртат милионски суми, веќе имаме меѓународен скандал со грчки црни пари… Проследете. Инаку како што ме информираа ова гостување било прекинато во етерот… технички проблеми… нели?! :)Пратеници освестете се. Сеуште имате време.

Gepostet von Filip T. Petrovski am Samstag, 20. Oktober 2018

Македонија е комична држава, особено во медиумската сцена.

Да го поканиш Филип Петровски и да му дадеш простор и прашања небаре е он некаков борец за правда, патриота и да не го прашаш зошто 10 години беше првенец на режимот, зошто молчеше за криминалот кога запукаа бомбите, зошто учествуваше во 27-ми април и зошто повикува на нов 27-ми април?!

Каде му е одговорноста, што ако има граѓанска војна?!

Зошто се бори за пропаст на договорот со Грција, од што ќе живееме како народ, економијата ќе рикне, без НАТО ќе се распаднеме, има промена на граници во соседство, Албанците ќе се кренат, пак ли војна ќе водиме како во 2001-ва?!

Како може без тие тешки прашања, да се пушти во програма еден барабам, еден политички деликвент и терорист, и неговите пораки да отидат во етер без да се соочат со тешките прашања за реалноста и одговорноста?!

Разбрав дека тоа било идеја на Чомовски. Мислам дека овој човек ако продолжи вака ќе нанесе голема штета и на телевизијата и на земјата.

Не смееме да го кооптираме и нормализираме злото, само за гол рејтинг, нека има рејтинг но нека има и борба за вистина, борба на доброто и злото, борба за одговорност, за разбивање на фејк њуз и фејк наратива, теории на заговор и слично.

Ало Кабранов, спасете ја 1 ТВ додека можете, Чом ќе ја сјебе тоталка ако продужи вака!

Бев поканет во 1тв во живо синојка. Зборував од пред парламент. Но, сега ме известија дека Чомовски среде изјава ме прекинал бидејќи не им се допаѓаа тезите што ги соопштив. #Брука “слободно” новинарство.
Е мој Чомовски. И уште нешто. Нецензурираното видео е погледнато за помалку од 12 часа кај мене на профил 14000 пати. Тоа е повеќе одколку што ти е гледана емисијата бе Чом. #ЦензуратаДолу

Се врши невидено криминално купување на пратеници. Се вртат милионски суми, веќе имаме меѓународен скандал со грчки црни пари… Проследете. Инаку како што ме информираа ова гостување било прекинато во етерот… технички проблеми… нели?! :)Пратеници освестете се. Сеуште имате време.

Gepostet von Filip T. Petrovski am Samstag, 20. Oktober 2018