Борусија Дортмунд после серија на лоши резултати го отпушти тренерот Петер Бош, а клупата на „Милионерите“ ја презема поранешниот шеф на стручниот штаб на Келн – Петер Штегер.

Бош во Дортмунд пристигна летово од Ајакс кој го водеше до финалето од Лига Европа, но Борусија досега ја одведе само до седмото место во Бундеслигата.

Неговата екипа во последно време не знае за победа, а ниту Келн под водство на Штегер не се прослави.

Меѓутоа, нешто на клупата на Борусија морало да се промени.

„Синоќа разговаравме со Петер и одлучивме дека најдобро е да го отпуштиме веднаш. Се разделивме под најдобри можни услови за двете страни и би сакал да му се заблагодарам на Петер, кој се уште го сметам за одличен тренер и одлична личност“, изјави извршниот директор на Борусија Ханс Јоаким Вацке.

Борусија е без победа во лигата уште од септември и  резултатот од 2:1 против Аугсбург.

„Црната“ серија во сите натпреварувања без победа сега е продолжена на девет натпревари.

Штегер шансата да ја води Борусија од Дортмунд ја оцени како „животна прилика“.