За Редакцијата на “Види Прв” ова е статус на неделата кој ни остави најголем впечаток бидејќи ја отсликува реалноста која за жал од ден на ден е се посурова и посурова. Ви го пренесуваме во целост:

,,Најголемата болка што може човек да ја преживее е болката предизвикана од некој свој. Некој свој со кој си мислел дека делиш “исти идеали, исти став, исто мислење”, за кој си се борел да си го оствари сонот, а кој те предал и изневерил како што Јуда го предал Исус. Животните патишта и те како ме научија дека луѓето забораваат за добрите работи кои си им ги учинил, а се сеќаваат на лошите. Како секој човек, така и јас грешам знам, понекогаш неправдата и кодошењето ме праваат гласна и се посилни од мене. Тоа ме прави човек од крв и од месо, ме прави да се чувствувам жива. Човечки е да се погреши и нормално да се извинам. Но дали е човечки извинувањето да се исмејува, да се омаловажува, да се коментира и на крај за тоа да си казнет?!. Не, тоа е поголем грев од сторениот грев! За жал, денешната добиена пресуда покрената од една дотична госпоЖа пратеничка ме подсети дека нема правда. Ме потсети дека кога е во прашање личен интерес се се брише. Ме потсети дека луѓето забораваат што значи да си ЧОВЕК! Но и ме научи дека колку повеќе ти ја спуштаат главата доле, толку повеќе треба да ја креваш! Не грижи се госпоЖа пратеничке како што ја признав вината и се извинив, така и ќе си ги сносам последиците, ќе ти ја платам сторената “штета”. Јас можеби сум сиромашна без пари, но не сум сиромашна во душа! Величината на еден човек е да си ги сноси последиците за стореното. А ти?… Ти не заборавај дека животот е еден магичен круг во кој на крај победува правдината… Правдина-планина!
И не грижи се нема да ти вратам јас, за мене ти веќе не си ЧОВЕК! Времето и животот ќе ти врати за стореното! Ти Благодарам за научената лекција! Се најдобро!- се вели во фејсбук статусот на Славица Ангелова  која се забележува во јавноста како голем активист на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.

Посакуваме на Славица Ангелова  со сите сили да се издигне над се и никогаш да не запира во борбите.

Правдата е бавна, но на крај ќе си го најде сопствениот пат.